Од верските календари


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 јули.

Денеска е Св. маченик Емилијан.

Мачеништвото на свети Емилијан се случи во Тракискиот град Доростол, во времето на цезарот Јулијан кого црквата го нарече Отстапник (четвртиот век). Кога Јулијан отстапи од христијанската вера не само што се врати на колењето животни и обожувањето на киповите, туку праќаше намесници по градовите да ги гонат и убиваат христијаните. Така и во Доростол беше испратен намесник, кој кога виде дека тука нема христијани израдуван приреди голема гозба. Свети Емилијан се прикри, а инаку беше слуга на градоначалникот. Додека траеше прославата тој излезе во градот и ги ис¬крши сите идоли. Следното утро, кога царскиот намесник го виде овој при¬зор, започна ловот на виновникот. Беше фатен некој селанец. Кога Емили¬јан виде дека наместо него ќе пострада невин човек, самиот отиде и се пријави кај намесникот. А кога овој дозна дека свети Емилијан е христијанин, нареди да го мачат и да го фрлат во оган. Тоа се случи во 362 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Игнациј.

Бил роден во 1491 година во Лојоли, во Кантабрија. Ја извршувал војничката служба. Студирал теолошки науки во Париз, а ја основал и дружината на Исус во Рим. Како свештеник, напишал многу дела и ги поучувал учениците т.е. следбениците кои биле заслужни за обновата на црквата во шеснаесеттиот век. Свети Игнациј умрел во 1556 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Курбан Бајрам.

Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. По молитвата, верниците го почнуваат тридневното славење, во кое почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот. Курбан Бајрам е и празник на славење на извршувањето на петтиот исламски столб Хаџот.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*