Од верските календари


27 јули 2020 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јули.

Денеска е Св. апостол Акила.

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт. Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес… Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. кордовски маченици.

Групата кордовски маченици ја сочинуваат: Јурај, Аурелиј, Феликс, Наталија и Лилиоза. Аурелиј бил роден во Кордоба во Шпанија. Кога се оженил со Наталија живеел како христијанин. Еднаш бил сведок на случката кога еден христијанин храбро ја исповедал својата вера во Христос. Бил многу вознемирен и поради тоа посакал да биде маченик за Христос. Со истиот идеал бил зафатен уште еден брачен пар: Феликс и Лилиоза, како и монахот Јурај. Во 852 година сите биле осудени на смрт поради тоа му се спротивставувале на исламот.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*