Oбичаи и верувања


„Јазичен мозаик“ – нов лингвистички труд на Васил Дрвошанов - МИА

26 октомври 2020

Света новомаченица Злата Мегленска 

Пример за саможртва за својата вера

Светата новомаченица Злата Мегленска набргу по загинувањето била сметана на светица и со нејзиното име биле поврзани некои свети места во близината на селото.

Именден празнуваат: Злата, Златка, Златица, Злате…

Светата новомаченица Злата Мегленска станала симбол на отпорот против турскиот поробувач и пример за одбрана на христијанската вера. Била една од трите ќерки на еден селанец од селото Слатино, Мегленско. Кога поодраснала била многу убава поради што била забележана од синот на селскиот агалар, познат зулумќар и силеџија. Тој намислил да ја земе и еднаш кога таа во блиската шума собирала трески за печење леб, со група пријатели ја грабнал и ја одвел во својот дом. Се обидел, во почетокот, со убаво да ја убеди да ја смени верата и да стане негова анама ветувајќи ѝ богатство и раскош. Но, Злата сето тоа го одбила велејќи дека е решена побргу да умре отколку да си ја мени верата. И кога со ништо не успеал да ја придобие ја предал на лошите џелати да ја измачуваат. Злата Мегленска била подложена на најжестоки измачувања. Ја тепале со камшик, ја обесиле на дрво со главата надолу, и дереле ваши од кожата, а потоа врзана со ортома за врат ја шетале низ селата за да ги заплашуваат христијаните. И кога со сите тие тортури не успеале да ја скршат и да ја придобијат ја исекле со меч на 13 октомври (с.с.) 1795 година. Деловите од нејзиното тело џелатите ги фрлиле во реката Мегленица, а подоцна овчарите ги нашле во еден вир, ги собрале и ги однесле во домот на нејзините родители, по што биле погребани по сите христијански обичаи.
Набргу после смртта населението ја сметало за светица и ѝ биле посветени некои свети дрва во близината на селото. Житието на Света Злата Мегленска го напишал светогорскиот калуѓер Никодим во 1799 година. (Подготви Марко Китевски)


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*