Oбичаи и верувања


Поетски награден конкурс по повод ослободувањето на Берово - МИА

24 октомври 2020

Нaродна филозофија 

Мaкедонски народни пословици и поговорки

Летоска измеќар, зимоска господар.
Лисица на пазар не оди.
Лисицата и аџиица да биди, пак кокошки ќе јадит.
Лисицата ко да не го стигвит месото велит смрдит.
Лисицата на чуркчиски дуќан не ојт.
Лицем светци, срцем в’лци.
Личната мома со личотата се продаа.
Личоќа пазар збира, куќа не чува.
Ловџија ако бидиш, дуќан не можиш да држиш.
Лозје некопано, жудливо грозје дават.
Лозјето не сакат молитва, а мотика.
Лозјето сака мотика, неќи молитва.
Лоша жена, вечна м’ка.
Лошата погача поарен пријател ќе пречекат. (Грозните моми ќе се омажат за поубави момци).
Лоши арни – тија сме си.
Лоши арни – наши сме си.
Лошио чоек, ако ти се ватит за полата, сечи ја и остај му ја в рака.
Лошио чоек добро утро да ти речит, зијан ќе те најдит.
Лошио чоек змија не го јадит.
Лошио чоек и аџија да бидит, пак лош ќе бидит.
Лошио чоек и од ѓаолот не се страшит.
Лошото поеќе чоек го паметуа одошто доброто.
Лошото само си дооди.
Лудио бега од пијанио.
Лудост младост матна река.
Лутината е на ѓаола молитва.
Луто ако јадиш, ама благо да зборуаш.
Лут како змија осојница.
Лут чоек пријател не држи.
Љубов и кашлица не се кријет (не может да се скријет).
Љубовта је п’лна со мед и со пелин.
Љубовта убајна не гљат.
Љуѓето не се мерат со аршин туку со ум.
Љусна дур проба (кесна). (Немаше трпение)
Љуснат е. (Има голема желба, желен е за нешто.)
Љутината је полојна будалшчина.
Љут ко рис.
Лушченката не падинат многу далеку од пенот.
Магаре вјаај, коњ фали.
Магаре вјај, магаре барај.
Магаре појде и магаре си дојде. Нема ум да сврши работа. (Во старо време пуштиле нашите чорбаџии еден човек на Стамбол да даат еден арзоал на баба-алието за една мака што имале од Турците рисјаните во Прилеп.
Отишол чоеко во Стамбол и не се сторило к’смет да го даи арзоало на баба-алието, чунки бил шутикав во умо. Откоа и дојал парите што имал, си дошол во Прилеп и му кажал на чорбаџиите оти не го дал арзоало, по не знам какви себапи. Откоа беа го ислушале чорбаџиите чоеко, го познале оти бил шут и му рекле:
– А бре, чоек, оти да не го даиш арзоало на баба-алието. Не преесапи оти толкуа пари кај се арџат за твоето одење во Стамбол?
– Е, вистина не го дадов арзоало со ова одење што појдов, чорбаџии, ама ајде пуштете ме текрар да одам, да белки ќе најдам време да го даам.
– Еда арно да те пратиме, бре чоече, ама па магаре ќе појдиш и магаре ќе дојдиш, како што појде и си дојде првио пат.
Така му рекле чорбаџиите и другего пратиле.
Отогај останал тој збор во Прилеп: Магаре појде, магаре си дојде.)
Магарето не го викаат на свадба за нунко, ами за да носи вода и дрво тоарено.
Магарешки инат има.
Магаре фали кон јавај.
Маж без жена непара го прилега.
Маж без пари и куќа без жена – огон да ’и горит.
Мажила се мома, да не седи дома.
Маж како петело наш. (Му се вели на маж маловозрасен).
Мажот со кола да носит, жената со иглен врф да изват, пак се битисвит.
Мажо си оди со крсто на чело, а жената – на тило.
Мајсторија кози пасе, пет откара, две докара.
Мајстор кози пасит, три отерај две дотерај. (Неспособен човек).
Мајчина и таткоа клетва наземи не паѓа.
Мала вечеричка, долга живејачка.
Мала работа, голема страмота.
Малите приказни, голем ум даваат.
Марифет е од живо јаре кожа да продајш. (Едно време во Струга мнозина купвеле на пазар јариња за извесна сума пари и откога ќе го заколеле јарето, кожата ќе ја продајеле поск’по отколку шчо го купиле јарето. Еднош еден сиромав чвек и тој сакал да купит јаре ама немал ни скршена пара во џепот. Вртил низ пазарот и бендисал едно јаре. Се добрал до еден шчо купвел кожи и му велит: „Колку пари ќе ми дајш за кожана од она јаре?“ – покажвеешчи му го јарето во буљукот. Тргоецот му казал една сума. „Дај ми парите, потем пол саат ти ја носам кожата“, – му рекол сиромајот. Тргоецот му дал пари. Со парите шчо ’и зел сиромајот го купил јарето, го заклал, го одрал и му ја однесол кожата на тргоецот, и му преостанале пари и за ориз. Кога го опитале домашните, ке најде пари да купит јаре, тој им одговорил: „Марифет е од живо јаре кожа да продајш!“)
Мачкај колата да не чкртат. (Гали го човека, ако е лут).
Мачка со ѕвонец не ваќа глушец. (Подготви Марко Китевски)


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*