Oбичаи и верувања


„Јазичен мозаик“ – нов лингвистички труд на Васил Дрвошанов - МИА

29 октомври 2020

Преданија за нашите села

Потекло на името на селото Беловиште

За потеклото на името на Беловиште не постојат никакви поопределени корени на неговото име, како што се преданија, легенди и сл. Меѓутоа со анализа на етимологијата на името, авторот на книгата за селата Беловиште и Вратница Душко Атанасовски, со релативна сигурност смета дека корените на името на селото – Белоиште и Белојште потекнуваат од едно карактеристично место над селото.

Имено на 2-3 километри над селото на источната страна постои поголема месност под име Белиште, а се среќава и името Бел Камен. Во оваа месност карактеристично е тоа што целиот простор и земјата имаат бело-жолтеникава боја која доаѓа од тоа што земјата е составена од глина. Корените на името на селото произлегуваат од фактот што оваа месност – Белиште претставува битен и маркантен белег на соодветниот планински простор, што е видливо од рамнината под селото. Во одделни словенски јазици, вклучувајќи го и македонскиот е карактеристично што одредени имиња на населби произлегувале од одредени карактеристични и доминантни географски белези на соодветниот простор. Во тој контекст говори и фактот што има многу имиња на населби и месности во македонскиот говор кои завршуваат со додавката „иште“ со која се означува соодветна карактеристика на просторот (мочуриште, тресетиште, пепелиште, калиште и др.). Во случајот на селото Беловиште основа на името е придавката бел, бело, па заедно со додавката „иште“ е формирано името Белиште. Потоа со трансформациите во говорниот јазик, а во говорниот локален јазик – Белојште.
Во прилог на ваквото мислење на авторот Д. Атанасовски за корените на името Беловиште говори и проф. Јован Трифуновски во својата студија „Полог“- Београд, 1976 година. Тој меѓу другите описи за селото Беловиште го вели и следното: „Веројатно Беловиште името го добило по бело-жолтата глина која се гледа на една падина над селото. Во тој контекст во делот за имињата на топонимите од северната страна на селото тој ја набележува и месноста „Бел Камен“ кое име е второ име за месноста Белоиште.
Постои уште едно село во Полог, кај Гостивар под Сува Гора со истото име Беловиште. Меѓутоа ова село во Гостиварско, заклучно со третиот турски попис од 1568-69 година воопшто не се споменува. Од тоа произлегува дека селото Беловиште во Гостиварско е релативно понова населба. Корените на името и на ова село веројатно имаат слична основа како и името Беловиште- Тетовско.

Од книгата „Беловиште и Вратница низ историјата 15-20 век“ од Душко Атанасовски, Тетово 2008 година. (Подготви Марко Китевски)


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*