Обичаи и верувања


27 март 2020

Од народниот живот во Малешевијата 

Бачување

Првиот бач уште првиот ден по прем’зот, рано оди на бачијата подготвен да го земе млекото што му припаѓа, но и да биде добар домаќин. По завршувањето со молзењето на овците и козите овчарите и прокаричарот седнуваат да ручаат. Првиот ручек секојпат е подобар и почнува со претходно наздравување со добра ракија и со благослов за здравје на добитокот, на овчарите и на семејствата сопственици на овците и козите, чиј сопственик е бачот. Опремата на бачијата е едноставна, таа мора да содржи едно големо бутимо, каца со голема џурилка за правење жежено сирење, а останатиот потребен прибор го донесува од дома секој бач посебно кога ќе му дојде редот за земање млеко.Бутримото е сопственост на некој од партиципиентите во бачијата, него го употребуваат сите, а сопственикот за тоа добива одредена количина млеко која е однапред договорена.

Подготвување на жежено сирење

Измолзеното млеко се процедува со специјално рачно предени и ткаени цадници од лен, во каца – големото бутимо. Се подсирува со маја или сиришче од јагне или јаре (тоа е панкреасот).
На претходно заложен огин се нажежуват (се нагреват) одбрани за таа намена камења што не пукаат кога се жешки, се утопуваат во млекото, а при тоа да не останат ситни каменчиња во млекото. Таквите камења се одбираат од Припоро од Мачевската нива до Фантеле. Тоа се камења од андезит кој е отпорен на промена на температурата. Кога млекото ќе почне да се згуснува од ставената маја се разбива (разматува) со џурилката, а потоа таа се дига над млекото и на тркалото од џурилката се редат вжештените камења и се спуштаат во млекото. Од вжештените камења подсиреното млеко се сосирува и се таложи на дното од кацата (бутимото). Камењата се фаќаат од огништето со специјално направени големи дрвени клешти на кои на „устата“ со која се фаќаат камењата има исковано клинци за потковување коњи и волови, за да не се запали или оштети дрвото.
Така подсиреното и нажежено млеко се става во цадник исто од лен и се остава да се цеди. Кога ќе се изцеди се добива жеженото сирење кое е посебен специјалитет. Од исцедената течност ( цвиката) се вари урда при што се додава млеко, се бие за да се добие и масло. Таа урда е помасна и повкусна заради тоа што при жежењето на засиреното млеко се стопува дел од масленоста и останува подоцна како составен дел на урдата.
Жеженото сирење по доброто исцедување се сече со нож се наложува во дрвена каца и добро се насолува. Така подготвеното сирење може да се чува подолго време без да се расипе. Него робовци го продавале на пазарите во Виница, Кочани, Струмица, а за време на бугарската окупација и во Горна Џумаја и Свети Врач (Сандански).
Во денешно време таа технологија на производство на жежено сирење е напуштена. Млекото од бачиите се донесува дома и се производи бело малешевско сирење кое е многу барано на пазарот заради неговиот убав вкус и чистата околина на Малешево.

Според книгата „Робово, село Малешевско), од Александар Радевски, Скопје 2003. (Подготви Марко Китевски)


Вести

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

Интегрален текст од прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕПочитувани, Има ли некој кој верува дека денес е Македонија на прав пат? Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони […]

Вести

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

– Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), […]

Вести

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на […]