Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


–  Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.


 

Сообраќајот беше во прекин во двата правца од 21 часот поради пожар во кој гореа стрниште и ниви и се ширеше кон магистралниот пат.

Поради пожарите во Пехчевско, вечерва неколку часа беше во прекин и сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Пехчево, но веќе е нормализиран.