Наутро студено, предку ден сончево


– Времето наутро во земјава ќе биде  студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.


 

Утринската температура ќе се движи од – 4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.