Намален водостојот на Преспанското Езеро


– Водостојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар понизок од вчера, а кај Охридското и Дојранското е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивото на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисоко од вообичаеното за јануари, додека кај Охридското е пониско за осум сантиметри, а кај Преспанското за 65 сантиметри.

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец со исклучок на Вардар на мерното место кај Демир Капија каде нивото е за 14 сантиметри повисоко од вообичаеното. 


Вести

Мицкоски: Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии

– Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии, без искучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности, потребни се оставки, одговорност пред законите. Бараме реформа на Советот за […]

Вести

Се тестира потенцијална вакцина против коронавирусот

Производителот на лекови „Модерна“ од Кембриџ во американската држава Масачусетс испрати на тестирање до државните истражувачи потенцијална вакцина против коронавирусот. Вредноста на акциите на биотехничката компанија се зголеми рано изутринава, само еден ден откако компанијата […]

Вести

Деркоски: Нема да може да се гласа без важечки лични документи

Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на предвремените парламентарни избори на 12 април, предупреди денеска претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, апелирајќи до граѓаните да ги искористат сите […]