На граничниот премин „Табановце“ се чека до 60 минути


Зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин „Табановце“ каде времето на чекање за излез од државата е од 45 до 60 минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Вести

Цел ден собраниска дебата за аерозагадувањето, седницата прекината без гласање

– Пратениците вечерва не гласаа за Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од ВМРО – ДПМНЕ. Седницата е прекината и, како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, дополнително ќе биде […]

Вести

Директорот на СЗО допатува во Кина поради коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг, каде ќе разговара со кинеските официјални претставници за борбата против ширењето на смртоносниот коронавирус, од кој во Кина починаа 81 лице, а […]

Вести

Прв смртен случај од новиот вирус регистриран во Пекинг

Властите во Пекинг денеска потврдија за прв смртен случај во кинескиот главен град од новиот смртоносен вирус што брзо се шири низ целата земја, каде досега живот загубија повеќе од 80 луѓе и предизвика глобален […]