На денешен ден

na denesen den
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1858.- Англискиот истражувач Џон Спик го открил езерото Викторија.







1902.- Во селото Вишни, Костурско, Егејска Македонија, предаден и опколен од османлиската војска се самоубил Лазар Москов, еден од плејадата македонски револуционери. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, развил организациона дејност во Костурско. Таму тој станал еден од поактивните организатори на ВМРО. Роден бил во селото Д’мбени, Костурско, во 1877 година.

1903.- Во месноста Дреновица, кај Кавадарци, четата на тиквешкиот војвода Петар Јуруков водела херојска борба против 300 турски војници кои требало да заминат за Крушево. Во Борбата која траеле повеќе од 5 часа загинале 17 борци на четата и 21 турски војник.

1909.- Во Солун почнал Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која биле усвоени правците и задачите на партијата и било избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.

1945.- На сите етнички Германци и Унгарци во Чехословачка им било одземено државјанството.

1977.- Во Никозија умрел претседателот на Кипар, архиепископот Макариос. За архиепископ на автокеафалната кипарска црква бил избран во 1950 година. Роден бил на 13 август 1913 година.

1987.- Во Сан Антонио, САД, умрела Пола Негри (вистинското име и е Барбара Аполонија Чалупек), една од најголемите ѕвезди на немиот филм, од полско потекло. Од Полска во Холивуд заминала во 1922 година и таму се здобила со светска слава. Родена била во 1894 година.

1988.- Во Сиена, Италија, умрел Андре Навара, француски виолончелист, познат по своите интерпретации на Бах, но и на современите композитори. Роден бил во 1911 година.

2002.- Турскиот Парламент ја укинал смртната казна во напорите земјата да се приближи кон Европската унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK