На денешен ден

na denesen den
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го открил островот Тринидат, а потоа првпат стапнал на брегот на Јужна Америка.







1784.- Во Париз умрел Дени Дидро, француски филозоф, енциклопедист, критичар на религиозниот морал и носител на просветителската мисла од предреволуционерна Франција. Со своите дела значително влијаел врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Даламбер и Дидро“, „Мисли на толкување на природата“. Роден бил на 5 октомври 1713 година.

1886.- Во Баварија умрел Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој бил пијанистички виртуоз кој изградил модерна техника и нов звучно брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Роден бил во Доборјан, на 22 октомври 1811 година.

1944.- Во борбена задача како авијатичар загина Антоан де Сент Егзипери, француски писател, автор на најубавата модерна бајка, романот за деца „Малиот принц“. Роден бил во 1900 година.

1954.- Италијанската експедиција која ја предводел Ардито Десио прва успеала да го освои хималајскиот врв К-2.

1964.- Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитувала на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оцениле како најголем дострел на астрономијата по Галилеј.

1971.- Американските астронаути Дејвид Скот и Џејмс Ирвин, членови на мисијата „Аполо 15“, биле првите луѓе кои се возеле на површината на Месечината – повеќе од шест часа поминале во возење со електрично лунарно возило.

1991.- Претседателите на Советскиот Сојуз и САД Михаил Горбачов и Џорџ Буш во Москва го потпишале договорот за ограничување на нуклеарното оружје со голем дострел.

1994.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја одобрил употребата на воена сила во Хаити, овозможувајќи ја на тој начин интервенцијата која против воениот режим ја предводеле САД и враќањето на власт на избеганиот претседател Жан Бертран Аристид.

2001.- Во Тетовско, од нападот на албанските терористи врз полициски пункт кај Радио Тетово, загинал Цоки Стојановски (на 28 г.) од Тетово, припадник на МВР.

2002.- Во текот на посетата на Мексико, папата Јован Павле Втори го прогласил за светец Хуан Диего, селанец од 16 век, кој станал прв римокатолички светец во Америка.

2020.- На 76-годишна возраст почина еден од најуспешните британски филмски режисери, Алан Паркер. Паркер има режирано голем број познати филмови, вклучувајќи „Bugsy Malone“ (1976), „Midnight Express“ (1978), „Fame“ (1980) „Mississippi Burning“ (1988), „Еvita“ (1996), „

Angela’s Ashes “ (1999), „The Life of David Gale “(2003). Снимаше филмови од различни жанрови, од комедии преку драми до трилери и хорор, а особено е познат по мјузикли. Филмовите на Паркер имаат освоено 10 „Оскари“ и 19 награди БАФТА.

2022.- Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева.

По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива, шеф на собраниската група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година на која останува се до 26 август 2006 година. Таа беше одликувана со три ордени на Француската Република во 1998 и 2016 година, и третиот – највисокото француско одличје – Витез на Легијата на Честа” во 2021 година. Илинка Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK