На денешен ден


26 ноември 2020 



1504.- Умрела шпанската кралица Изабела I Католичка, кралица на Кастиља од 1474 година. Со стапувањето во брак со Фернанд II Арагонски во 1479 година ги соединила Кастиља и Арагон и ја создала Шпанија. Во настојувањето да ја засилат римокатоличката црква и монархијата во 1480 година го втемелиле судот на инквизиција. Борбите со Маварите победоносно ги завршиле во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опремиле експедицијата на Крисифор Колумбо која ја открил Америка, а во 1503 година од Франција го презеле Неаполското кралство.

1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна Англија загинале најмалку 8.000 луѓе.

1812.- Француската војска предводена од Наполеон Бонапарта претрпел тешки загуби при повлекувањето од Москва преку Березин.

1855.- Умрел полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. Умрел во Турција каде дошол за време на Кримската војна со намера да формира полска заедница за борба против Русија. Познати дела: збирка песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Гражина“, „Конрад Валенрод“ и други.

1857.- Во Мелбурн, Австралија, било отворено Заседанието на првиот австралиски парламент.

1888.- Во Сен Луис, Мисури, САД, е роден Томас Стерн Елиот, американско-англиски писател, критичар и есеист. Меѓу познатите негови дела се „Пруфрок и други опсервации“, „Пуста земја“, „Шупливи  луѓе“, „Четири квартети“, „Убиство во катедралата“, „Семеен собир“ и други. Во 1948 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Лондон, на 4 јануари 1965 година.

1922.- Отворена била гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја открил англискиот археолог Хауард Картер.

1924.- На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествувал и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

1939.- Со напад на советската армија почнала Советско-финската војна. Во октомври 1939 година, Советскиот Сојуз поставил силни гарнизони во Литванија, Летонија и во Естонија, а од Финска побарал дел од територијата за воена одбрана на Ленинград (Санкт Петербург) и заштита на мурманските пруги. Бидејќи владата во Хелсинки барањето го одбила, советската армија продрела во Финска, а со пробивот на фронтот, на 12 март 1940 година потпишан бил мир со кој Советскиот сојуз ги добил бараните области.