На денешен ден


22 октомври 2020



– Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по што Русија излегла како нова сила на Балтикот, Петар Велики се крунисал за цар. Тој извршил многу важни реформи со кои Русија ја извел од средновековната заостанатост.

1752.- Умрел Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфатил и ги продлабочил придобивките на италијанскиот барок. Компонирал и ораториуми, концети за чембело и црковна музика. Роден бил на 2 мај 1659 година.

1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употребил падобранот, скокајќи од балон над Париз на висина од 680 метри.

1811.- Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој бил пијанистички виртуоз, кој изградил модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умрел во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година.

1882.- Умре унгарскиот писател Јанош Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, бил најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминирал во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен.

1883.- Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно било отворено зданието „Метрополитен опера“.

1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхрон мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за

повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупила фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажала на светската изложба во Чикаго во 1893 година.

1887.- Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција.