На денешен ден

denesen_den_345347
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

18 јуни 2023







 

1429.- Француските сили под водство на Јованка Орлеанка и војводата од Аленсон, кај Пате ги стигнале и поразиле англиските сили кои се повлекувале по неуспешната опсада на Орлеан.

 

1583.- Во Лондон била издадена првата полиса за животно осигурување во светот.

 

1812.- Поради помали поморски инциденти дошло до војна меѓу САД и Англија, во текот на која англиските трупи го освоиле и го запалиле Вашингтон. Пожарот делумно ја уништил и претседателската палата која подоцна варосана го добила називот Бела куќа.

 

1812.- Роден е рускиот писател Иван Александрович Гончаров. Дела: романите „Обична приказна“, „Бездна“, есеите „Милион грчеви“, „Подобро некогаш отколку никогаш“, „Спомени за Белински“, патописот „Фрегата Палада“.

 

1815.- Француската армија под команда на Наполеон Бонапарта била поразена во битката кај Ватерло (во Белгија) од британските, од холандските и од пруските сили. Со британските сили командувал генералот Велингтон, а со пруските Герхард фон Блихер. Битката се збиднала по Наполеоновото враќање од Елба и значела конечен крај на некогаш најмоќниот француски император, кој потоа бил прогонет на островот Света Елена, каде што умрел. Во битката загинале околу 15.000 сојузнички војници и меѓу 20 и 30.000 француски војници.

 

1882.- Во селото Ковачаица, кај Перник, во Бугарија, е роден Георги Димитров, еден од најголемите водачи на бугарското и на меѓународното работничко движење. Умрел во Москва, на 2 јули 1949 година.

 

1881.- Русија, Австрија и Германија потпишале таен сојуз „Лига на тројца цареви“.

 

1928.- Норвешкиот поларен истражуач Раул Амундсен, првиот човек кој го освоил Јужниот пол, исчезнал во текот на летањето со авион над Северниот леден океан. Го напишал делото „Јужниот пол“.

 

1935.- Роден е Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ од 1965 година. Автор е на книгите: „Размислувања“ „Толкувања“, „Време на песната“, „Поетските идеи на Конески“, „Збор и разбор“, „Александар и смртта“, „Да се убие Апостол“, „Канал“, „Историја на црната љубов“ и други. Добитник е на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, Роман на годината на „Утрински весник“. Починал на 21 мај 2002 година.

 

1937.- Советските пилоти Чкалов, Бајдунов и Белјанов го извршиле првиот лет без спуштање од Москва, преку Северниот пол до Ванкувер, во САД. Летот траел 63 часа и 25 минути, а изминатиот пат изнесувал 12.000 километри. Долго време тоа бил најдолг далечински пат без спуштање. Сите тројца пилоти добиле високи одликувања за овој потфат.

 

1940.- Францускиот генерал Шарл де Гол ги повикал од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразиле вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговорил познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.

 

1942.- Роден е англискиот музичар Пол Мекартни, член на квартетот „Битлси“, кои се појавиле во шеесеттите години на 20 век и подоцна станале најпопуларен рок состав на сите времиња. По распадот на „Битлси“ во 1972 година продолжил со самостојна музичка кариера.

 

1953.- Египет бил прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет стана Нагиб.

 

1965.- Во Алжир бил извршен државен воен удар. Хари Бумедиен ја презел власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.

 

1974.- Во Москва умрел Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководел со крахот на германската офанзива на Москва, ги водел битките кај Волгоград и Санкт Петербург, а трупите под негова команда го зазеле и Берлин, во мај 1945 година. Напишал мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Роден бил на 1 декември 1896 година.

 

1979.- Во Виена, Леонид Брежњев и Џими Картер го потпишале договорот SALT 2 со кој Советскиот Сојуз и САД се обврзале да го ограничат стратешкото нуклеарно вооружување.

 

1987.- Израел ја осудил одлуката на поглаварот на римокатоличката црква папата Јован Павле Втори да го прими во аудиенција претседателот на Австрија Курт Валдхајм, вмешан во воените злосторства на нацистите во текот на Втората светска војна.

 

1996.- Бенјамин Нетанјаху ја презел должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.

 

1997.- Турскиот премиер Неџмедин Ербакан поднесол оставка на функцијата.

 

2000.- Башар ал Асад бил избран за лидер на владејачката сириска Баас-партија, по смртта на претседателот Хафез ал Асад.

 

2001.- Република Македонија и Народна Република Кина ги обновиле дипломатските односи. Истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинале дипломатските односи.

 

2004.- Шефовите на држави и влади на 25 членки на Европската унија во Брисел го усвоиле првиот устав на Европската унија, со договор документот да стапи на сила кога ќе го ратификуваат сите земји-членки на Унијата.

 

2004.- Велика Британија му ја доделила почесната титула Витез на ловци на нацистите на Симон Визентал, признание за придонес за човештвото.

 

2005.- Суданската влада во египетскиот главен град Каиро потпишала мировен договор со една од најголемите опозициски групи, Националната демократска алијанса (НДА) со цел да му стави крај на 16-годишниот судир во кој загинале повеќе од два милиона луѓе, а околу четири милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

 

2010.- Умрел Жозе Сарамаго, португалски писател, добитник на Нобеловата награда. Се смета за еден од најпознатите португалски писатели. Дела: „Ембарго и други приказни“, „Слепило“, „Седум сонца и седум месечини“.

 

2011.- По долга и тешка болест во Бостон на 88-годишна возраст починала советската дисидентка и вдовица на Нобеловецот Андреј Сахаров, Елена Бонер. Бонер починала во болница во Бостон каде што и живеела последните години. Бонер во периодот на Студената војна го критикувала Советскиот Сојуз поради кршењето на човековите права, а во постсоветскиот период станала остар критичар на актуелниот руски премиер Владимир Путин. Во 1972 година Бонер се омажила за нуклеарниот физичар и советски дисидент Андреј Сахаров.

 

2020.- Почина проф. Д-р Димитар Ќорнаков, македонски историчар на уметноста и публицист, припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност. На уметноста на копаничарството и посветил најголем дел од својата истражувачка и научна работа. Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров. Раководел и реализирал проекти за конзервација и реставрација на: Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи, Манастирот Св. Преображение – Зрзе, Прилепско, Манастирот Св. Архангел во село Варош, Прилепско, Црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, Црквата Св. Богородица Каменско во Охрид и др Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18. век, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други. Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје. Роден бил во 1927 година, с. Стојаково, Богданци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK