На денешен ден


30 јуни 2020

1859.- На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гледачи, преминал од САД во Канада.

1908.- Во источен Сибир паднал метеор, предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствувал и во централна Европа.

1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почнала Втората балканска војна, што завршила со мирот склучен во Букурешт, на 10 август 1913 година.

1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започнал пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа биле убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности.

1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците го изградиле логорот за масовно уништување, познат според германизираното име „Аушвиц“, според градот Освенцим, западно од Краков.

1949.- Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

1960.- Белгија ја признала независноста на својата дотогашна африканска колонија – Конго.

1972.- Укината била смртната казна во САД.

1973.- Сенка на Месечината го прекрила целиот Африкански континент. Тоа било најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.

1974.- Алберта Кинг, мајката на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг, била убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот врз нејзиниот син.

1974.- Рускиот балетан Михаил Николаевич Баришников емигрирал од СССР во Канада за време на турнејата со ансамблот на балетот на „Бољшој театарот“.

1993.- Битолскиот универзитет го добил името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост „Свети Климент Охридски“.

1997.- Во Санта Барбара умрел Роберт Мичам, еден од најистакнатите американски филмски актери. Роден бил во Бриџпорт, на 6 август 1917 година.

2000.- Руското собрание го овластило претседателот Владимир Путин да ги сменува избраните функционери.

2005.- Шпанските пратеници го усвоиле законот за правата на хомосексуалците да стапуваат во брак и да посвојуваат деца, со што Шпанија, по Холандија, Белгија и Канада, станала четвртата земја во светот во која хомосексуалните бракови станале легални.

2019.- Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина на 63 години. Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година. Тој во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори. По осум години, тој изгуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*