Магла на Шапка и Плетвар, снег во Маврово и на Сража


Намалена видливост до 20 метри, поради појава на магла, утринава има  на Попова Шапка и на планинскиот премин Плетвар каде видливоста е од 50 до 80 метри. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато.

Од Автомото сојузот информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]