Магла на планинскиот превој Плетвар


– Поради појава на густа магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена од 10 до 20 метри.



Слаб снег провејува на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.