Делови од Скопје денеска ќе останат без струја, додека корисници од две улици во општина Аеродром ќе немаат вода, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Според добиеното известување од ЕВН, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од 07:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Александар Македонски“ во околината на „Агросервис“ во општина Гази Баба, од 8 до 11 часот корисниците од објектите во околината на фабриката „Карпош“ во општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 13 часот корисниците на дел од улицата „Февруарски поход“ во општина Аеродром, а од 9 до 12 часот, корисниците на дел од селото Добри Дол во општина Сопиште.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа на улицата „Мите Богоевски“, од 9 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, како и од „Жорж Бизе“ во општина Аеродром.