Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје


– Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.



Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабудвањето на ул.„Видое Смилевски Бато“ бр.2 , 2б , 40,42,44,46,48 и бр.50 е поради изведување на водоводен приклучок од Ф 100/150мм и ќе трае до завршување на изведувањето.

Додека, пак, прекинот на улиците „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“ е поради дефект на приклучна цевка на ул. „Панче Неделковски“ 74 и ќе трае до завршување на дефектот.