Без вода дел до булевар „Македонско-косовска бригада“ и Касарната „Илинден“


Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на булевар „Македонско-косовска бригада“ и Касарната „Илинден“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.


 

Прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатето, е поради дефект на приклучна цевка Ф 6/4 на булевар „Македонско-косовска бригада“ број 10/33 и ќе трае до отстранување на дефектот.