Забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради врнежи од снег


Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на  тешки моторни возила на патниот правец Тетово –  Попова Шапка, информира ЈП „Македонија пат“.



Од „Македонија пат“ препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец.