Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, соопшти Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.



На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира да се вози внимателно со прилагодена брзина според условите на патот. Истакнуават дека нивни дежурни  екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.