Поради одрон кај обиколницата над Битола, сообраќајот пренасочен низ центарот

Поради одрон на камења на патниот правец Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот од 1:10 часот се пренасочува низ централното градско подрачје.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Пресека, во Маврово и Ресен, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn