Рижото со морски плодови

За љубителите на морската храна ова е одличен рецепт за подготовка на ориз со школки …

Потребно е:
400 г
 ориз
1 кг црни неотворени морски школки
1 главица кромид, ситно сецкан
1 лажица доматно пире
200 мл бело вино
60 г путер
2 лажици маслиново масло
1 лажица сецкан магдонос
сол, бибер

Подготовка:
– Ставете го виното да се вари. Кога ќе проврие, смалете ја температурата и оставете да врие 5 минути да му се намали количината на половина.

– Школките измијте ги убаво и додадете ги во виното што се вари. Варете ги 4-5 минути за да се отворат. Мешајте ги од време на време.

– Со лажица решетка извадете ги школките од виното, а виното прецедете го. Потоа во виното додадете вода за да добиете 1 литар течност.

– Неотворените школки фрлете ги.

– Загрејте во тава на рингла 30 гр путер со масло. Додадете го кромидот и пропржете го малку. Потоа додадете го оризот и малку зголемете ја температурата. Пржете го оризот со постојано мешање да стане стаклест – околу 2 минути.

– Ставете сол, бибер и доматно пире. Убаво измешајте.

– Во оризот додадете ја течноста со виното во која ги варевте школките. Но немојте да ја ставите одеднаш целата течност, туку прво сипете половина, па откако оризот ќе ја впие течноста досипете го остатокот. Целото варење на оризот треба да трае околу 35 минути.

– Додека се подготвува оризот, извадете поголем дел од школките од обвивката и ставете ги во оризот. Измешајте убаво.

– На крај додадете го преостанатиот путер, исецкан на листови и исецканиот власец.

– На крај јадењето украсете го со преостанатите школки во обвивка.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]