План на исхрана со функционален јогурт од Александра Пренџова, нутриционист и технолог по исхрана


Здравиот и балансиран режим на исхрана е нешто што треба да се практикува секојдневно доколку сакаме да бидеме, пред сè, здрави, но, секако, и фит. Доколку во текот на годината понекогаш и си дозволуваме помалку здрава храна, тоа е во ред. Но, во екот на пролетта и во пресрет на летото се случува сите активно да почнеме да размислуваме на витата линија.

Без оглед за кој режим на исхрана ќе се одлучите, особено е важно тој да биде избалансиран, со присуство на избалансирано количество протеини, јаглехидрати, полезни масти и изобилство од свежа храна и течности.

Дополнително, знаеме дека функционалните јогурти што содржат природни пробиотици природно влијаат врз нашиот дигестивен систем. Затоа, Александра Пренџова, која е дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, ви препорачува 28-дневен режим на исхрана на база на природен пробиотски јогурт што е наменет за подобрување на работата на дигестивниот тракт и цревната микрофлора, здраво намалување на вишокот килограми, како и постигнување севкупен баланс во телото преку прочистување и детоксикација со храна во циклус од 4 недели.

Целосниот режим на исхрана е достапен на овој линк и е составен од 3 внимателно искомбинирани оброци на ден, како и една дополнителна ужинка, така што со овој план на исхрана вие не само што ќе го доведете организмот во совршен баланс и ќе ги намалите килограмите, туку и ќе се чувствувате полни со енергија и ќе бидете сити.

Главната состојка на која се базира режимот на исхрана се функционалните производи Баланс+, за кои е докажано дека воспоставуваат рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени во КБЦ „Бежаниска коса“ потврдуваат дека овие производи го регулираат варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржат комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.

Во секој случај, пред да започнете со применување на овој режим, нутриционистот Александра Пренџова препорачува неколку правила до кои треба да се придржувате доколку сакате да имате ефект:

 

  1. Задолжително треба да се пијат доволно течности во текот на денот – миниум 3л. Тоа може да биде вода, билни чаеви или вода со лимон. Треба да се избегнува вода со оброкот и непосредно пред и по него, бидејќи со водата ја разредуваме киселината што ја вари храната во желудникот и го отежнуваме процесот на дигестија.
  2. Кафето се пие без шеќер, дозволено е во текот на целиот ден, но не повеќе од 3 кафиња дневно. Потребно е да се избегнува пиење кафе доцна навечер.
  3. Вечерата треба да заврши најдоцна до 20-21 часот, односно треба да има минимум два часа помеѓу вечерата и легнувањето, со цел да не се преоптовари дигестивниот систем навечер.
  4. Храната треба да се соџвака убаво, полека и без брзање, со цел да се ослободат ензимите што се потребни за да ја сварат. Со јадењето полека до мозокот стигнува навремена информација дека сме сити, со што се избегнуваат прекумерно јадење и прејадување.
  5. Храната треба да се јаде свежа, готвена на пареа, динстувана (готвена во вода и масло во сад поклопен со капак), печена во рерна, на плотна, во тефлонски сад или во алуминиумска фолија. Треба да се избегнува подгревање и долго готвење на храната. Исто така, не се препорачува пржење во многу масло на високи температури.
  6. Физичката активност е добра за стимулација на мускулното ткиво, со што се овозможува подобро искористување на храната и подобро топење на масните наслаги. Освен тоа, физичката активност го потпомага целиот систем да работи добро, стимулира чувство на олеснување и среќа. Физичката активност не треба да биде непосредно по земањето оброк, со цел да не се оптоварува телото. Вежбајте минимум два часа по некој оброк. Ова не важи за ужинката.
  7. Најдобро е денот да се започне со една голема шолја млака вода и по извесно време може да се појадува. Се препорачува кафето да не се пие на празен стомак, бидејќи ја намалува активноста на дигестивниот тракт, дава лажно чувство на ситост и го забавува метаболизмот. Препорачливо е еден ден да има 3 главни оброци и една ужинка што може да се зема помеѓу појадокот и ручекот или помеѓу ручекот и вечерата.

 

Па, доколку се одлучивте да направите нешто за себе, нам не ни останува ништо друго освен да ве охрабриме да го следите линкот и да го започнете планот на исхрана уште денес. Ќе бидете благодарни!

Вести

Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески

Тимот на Специјалното јавно обвинителство е разрешен и обвинителите се враќаат во матичните основни јавни обвинителства, нивните предмети сега ја чекаат одлуката на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители вчера донесе одлука […]

Вести

Опозицијата предлага четири сценарија за избор нов јавен обвинител за организиран криминал и корупција

Истото обвинителство, со нов обвинител за организиран криминал и корупција кој може да е и професор, е одговорот на ВМРО-ДПМНЕ до владиниот тим за предлогот за законот за Јавно обвинителство. Опозицијата смета дека треба само […]

Вести

Им престана мандатот на помошниците на Јанева, ќе бидат распределни во ОЈО од кои дошле

Советот на јавни обвинители денеска на вонредната седница, која беше продолжение на таа од саботата на која се одлучуваше за разрешувањето на Катица Јанева, донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно […]