Дали знаете како да ги измиете пестицидите?


Дури и кај органски производи, според одредени студии, најдени се остатоци од пестициди и тоа до 11%. Значи, купувањето органски производи не секогаш е спасот од пестицидите.



Сепак, овошјето и зеленчукот МОЖЕ да се измијат ефективно!

Решението е многу едноставно: солена вода.

Направете 10 процентен солен раствор и оставете го овошјето/зеленлчукот да отстои десетина минути во него. Значи, еден дел сол и девет дела млака вода, се мешаат за да се добие 10% солен раствор.

Откако ќе отстои овошјето/зеленчукот – добро се промива.

Следна опција е оцетот, но проблемот со него е што за да се постигне ефектот – овошјето треба да се мие во чист оцет, а не во раствор. Оваа опција е поскапа, а и помиризлива!

извор: Д-р Митов