Здравјето и шеќерот: Се повеќе јадеме слатко – што е проблем и како против тоа да се бориме


Луѓето ширум светот се повеќе консумираат шеќер, но зошто да внесуваме нешто што доведува до бројни здравствени проблеми?

Откако во студијата „Влијание на болестите на светско ниво“ е објавено оти Израел има најниска стапка на смртни случаи во светот предизвикани од исхрана, многу медиуми започнаа да ги охрабруваат луѓето да „се хранат како Израелците“.

Сепак кога би го направиле тоа, веројатно во исхраната би имале повеќе шеќери отколку еден просечен граѓанин на која било земја во светот.

Истражувачите ги анализираа здраствените податоци од 195 земји, а студијата е објавена во медицинскиот весник Лансет.

„Катастрофа“

Во Израел во 2018 година се трошеле повеќе од 60 килограми шеќер по жител што во просек е 165 грама шеќер дневно. Тоа е најголемиот внес на шеќер во светот, според податоците од меѓународната Организација за шеќер до кои дојде Би-Би-Си.

„Во Израел, просечна возрасна личност консумира повеќе од 30 кафени лажици шеќер дневно – тоа е катастрофа“ изјави професорот Итамар Раз, шеф на израелскиот Национален совет за дијабетес и светски експерт за оваа болест.

Малезија, Барбадос, Фиџи и Бразил се борат за првите пет места на листата „најголеми внесувачи на шеќер“.

На крајот на оваа табела се наоѓа Северна Кореја каде внесот на шеќер по жител во 2018 година бил само 3,5 килограми.

За разлика од нив,внесот на шеќер по жител кај нивните соседи од Јужна Кореја е 30,6 килограми.

Во САД – каде болестите предизвикани од исхрана се постојано документирани – се троши 31,1 килограм по жител – што не е доволно оваа држава да се стави ниту во првите дваесет.

Во апсолутни вредности, Индија е најголемиот потрошувач на шеќер со потрошени 25,39 милиони метрички тони на овој производ во 2018 година – повеќе од цела Европска унија заедно.

Сепак овие податоци за потрошувачката на шеќер не се добиваат само врз основа на количината на шеќер што луѓето ја додаваат во храната и пијалокот.

Тука е и она што експертите го нарекуваат слободен шеќер кој се додава во храната во текот на производството или е веќе природно присутен со високи нивоа, како на пример во овошните сокови.

Потрошувачката на шеќер се издигна од 123,4 милиони тона во 2001 година до 172,4 милиони во 2018 година според податоците од Меѓународната организација за шеќер.

Зошто јадеме повеќе шеќери?

Една од главните причини е фактот што шеќерот е традиционално евтин и пристапен извор на енергија.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН тврди дека шеќерот во Индија, на пример, „е основна намирница за масовна употреба и најевтин извор на енергија за сиромашните“.

Наклонетоста на жителите на оваа земја према благото забрзано растеше во последните децении: само помеѓу шеесетите и средината на деведесетите години, потрошувачката на шеќер се издигна од 2,6 милиони тона годишно на 13 милиони тона.

Тој стана и неопходен дел од нашата исхрана во последните пет децении: внесот на преработена храна скокна до небесата ширум светот.

Бројките од Министерството за земјоделство во Америка покажуваат дека овие производи учествувале со 77 отсто во глобалната продажба и консумирањето храна во 2002 година.

Шеќерот е клучна состојка во преработката – се додава за да се поправи вкусот или за да се продолжи рокот на траење.

Многу експерти велат дека нашиот огромен внес на шеќер е главен фактор за глобалната епидемија на здебелување.

Светската здравствена организација во 2015 година ја намали препорачаната доза за внес на шеќер. СЗО соопшти дека додатното намалување на околу 25 грама (шест кафени лажички) дневно „ќе доведе до подобрување на здравјето“.

Во текот на последните неколку години, преку 20 држави се оданочуваа на шеќерните производи (главно на безалкохолните пијалоци).

На почетокот на овој месец, Сингапур стана првата земја во светот која ги забрани рекламите за пијалоци со висока концентрација на шеќер. Законот ќе стапи на сила наредна година.

Според базата на податоци од Школата за јавно здравје на Харвард, 355 милилитри газиран сок од портокал е еквивалентно на 11 кафени лажички шеќер.

Студиите доследно ја прикажаа врската помеѓу внесот на зашеќерени пијалоци и дебелеење, како и зголемениот ризик од добивање на дијабетес од тип 2, срцеви болести па дури и зголемен ризик од прерана смрт.

Сепак некои луѓе сметаат дека шеќерот незаслужно стекна лоша репутација.

Претседателот на Меѓународната организација за шеќер, Хозе Ориве, изјави за Би-Би-Си дека шеќерот се „издвојува“ во однос на останатите кривци за нездравата исхрана на луѓе.

„Шеќерот има лоша репутација, но ние не смееме да заборавиме дека има историја на фундаментален извор на енергија. Тој се наоѓа дури и во млекото на доилките“, изјави Хозе Ориве за Би-Би-Си.

Холи Габријел, нутруционистка од организацијата Акција против шеќерот, во коалиција со истражувачите и научниците кои вршат притисок на британската влада да воведе построги мерки против шеќерот, изјави дека шеќерот навистина е само дел од проблемите.

„Порастот на дебелината се должи на околината која е склона кон дебелеење и нарушен систем на исхрана“ изјави таа.

„Затоа на сила треба да стапи широк спектар на мерки“.

Во декември минатата година, неколку гиганти во производството на храна во Германија направија договор со владата, обврзувајќи се да го намалат нивото на шеќерот и солта во преработената храна до 2025 година, како и нивото на шеќер во безалкохолните пијалоци за 15 отсто.

Големата студија која ја спроведоа истражувачи од Универзитетот во Отаго на Нов Зеланд, покажа дека данокот од 10 отсто на зашеќерените пијалоци го намали купувањето и потрошувачката во просек за 10 проценти.

На некои места забраната доведе до тоа да произведувачите на храна и пијалоци го променат составот со цел да го избегнат наметнувањето. Во Велика Британија, како што наведува организацијата Акција против шеќерот, намалено е нивото на шеќер во пијалоците за 28,8 отсто од април 2018 година.

Во однос на тоа дека данокот на шеќер е релативно нов феномен во повеќето земји, влијанието на оваа мерка врз јавното здравје останува нејасно.

Во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Кембриџ, се искористија економски модели за да се процени влијанието на 20 отсто зголемување на цените за овие производи.

Резултати?

Зголемувањето на цената би довело до просечно слабеење од 1,3 килограми годишно.

За да стане уште по необично, тие открија дека слично зголемување на цената на зашеќерените пијалоци ќе резултира во просечна загуба од 203 грама годишно.

Данок на благо

„Велика Британија е пример за тоа како политика треба да се преобликува за да одговара со реалноста во земјата. Британците консумираат повеќе шеќер преку храна отколку преку пријалоци“, изјави главниот автор на студијата, Полин Шилбик.

Шилбик заедно со колегите проценија дека „данокот на благото“ би имал потенцијал да го намали дебелеењето кај Британците за 2,7 отсто за само година дена.

„Очигледно е дека оданочувањето фукнционира, но не постои сребрен куршум – едно единствено решение – за излегување на крај со дебелината и подобрување на нутритивното здравје“, додава таа.

„Она што е неоспорно е дека намалувањето на внесот на шеќер е потребен дел од тоа“.

Вести

Венецијанска комисија не го промени ставот за Законот за јазици

Венецијанската комисија во мислење усвоено денеска, ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Според соопштението, издадено по […]

Вести

Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Претседателот на Комисијата […]

Вести

Меркел го посети Аушвиц: Ова човечкиот ум не може да го сфати

Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц […]