Тројна моќ против стареење: Новиот Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity 3D серум е високо ефективно решение за помлад изглед, поцврста и посјајна кожа


 Забава во градината со соседите, игра со внуците или пак можеби прв состанок со новата љубов? Дури и на зрела возраст, нашиот секојдневен живот може да биде многу активен. И додека се обидуваме да го следиме темпото, сепак сакаме да изгледаме апсолутно најдобро во нашите златни години. Меѓутоа, од околу 50-та година, нашата кожа сè повеќе развива старечки дамки, додека брчките се подлабоки а цврстината на кожата опаѓа. Новиот 3D серум Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity е совршено решение за да и помогнете на вашата кожа да го врати својот младешки изглед. Новата формула се бори против трите главни знаци на стареење: намалувајќи ги старечките дамки, спречувајќи појава на уште подлабоки брчки и подобрувајќи ја еластичноста на кожата. Кожата брзо го апсорбира, така што овој лесен серум е идеален додаток на вашиот режим за ноќна нега. Разбудете се изгледајќи помладо и посјајно, со првите резултати по само 2 недели на редовна употреба.

Смеата, долгите сончеви денови, но и стресот и потешкотиите сите фигурираат во нашите животи, но и оставаат траги на нашите лица. Како што старееме, нашето лице почнува да покажува знаци на стареење со старечки дамки, подлабоки брчки и губење на силата и еластичноста.  Тоа наметнува потреба уште повеќе да се грижиме за нашето лице! Инекциите или ласерските третмани се премногу екстремни активности, и можеби не се соодветни за нашиот животен стил или личност. Новиот 3D серум Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity е совршено решение.Тоа е првиот серум во широката категорија Eucerin® Hyaluron-Filler + Elasticity специјално создаден за нега на зрела кожа на возраст над 50 години. Неговите високо ефективни активни состојки овозможуваат не само да се намалат дамките од стареењето, туку и да се полни кожата, да се намалат подлабоките брчки и да се подобри целокупната еластичност на кожата. Кожата брзо го апсорбира, така што овој лесен серум е идеален за дневна нега, помаѓајки кожата да изгледа помлада, поцврста и поеластична – со првите видливи резултати по само 2 недели од редовната употреба. Троен ефект против стареењето благодарение на избрани високо активни состојки

Тајната на новиот серум е комбинацијата на неговите три високо концентрирани и ефективни активни состојки. Тиамидол е моќно оружје против старечките дамки: „Тоа е резултат на 10-годишното опсежно истражување и развој во Баерсдорф и примената на новиот стандард во третманот на хиперпигментација“, вели Лора Шмит, Медицински советник за Eucerin®. „Тиамодол® делува директно во клетките на кожата, насочувајќи се кон производството на меланин. Меланинот е природна УВ заштита на кожата и е одговорен за темните дамки “, објаснува Шмит. Со редовна употреба, серумот помага да се намалат старечките дамки и го спречува нивното повторно појавување. Првите резултати се видливи по само 2 недели. Производот е збогатен со хијалуронска киселина што овозможува, новиот серум ефикасно да ја исполнува кожата одвнатре да ги исполни дури  и подлабоките брчки и да ја одржува кожата хидрирана. Силата на природно добиениот Арктиин пак ја подобрува цврстината и јачината на кожата, поддржувајќи поддршка на обновувањето на колагенот во клетките на кожата.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*