Со јога против трудничките тегоби


– Сè повеќе трудници практикуваат и за кусо ги чувствуваат ефектите од јогата. При вежбањето, на пр., жените учат правилно дишење и држење на телото, и остануваат активни и подвижни низ целата блажена состојба.

Како што пренесува српскиот портал „Б92“, јогата ја поврзува мајката со бебето, така што таа учи дека треба да биде стабилна, цврста и слободна. Наташа Борота, бабица и инструкторка за јога за трудници од Србија, вели дека вежбите не само што се идеални за телото, туку и психички ја подготвуваат жената за породувањето, ги ублажува мачнините, болки во грбот, грчеви, опстипација…

– Преку јогата се учат техники за дишење кои се користат при самото породување, што ги олеснува и контракциите. Жените кои вежбаат јога, се поопуштени, пососредоточени и поподготвени за породувањето. Тие така се и психички и физички спремни жена за полесно да го поднесат сè тоа, изјави Борота за српските медиуми.

Освен тоа, повеќето трудници кои вежбаат јога, велат дека тегобите скоро и да исчезнуваат и оти им тоа им причинува и подобро расположение.


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]