Седум утрински навики поради кои се дебелееме

Една позната изрека вели дека „денот по утрото се познава“, а порталот „Брајтсајд“ додава – особено кога се работи за храната и лошите навики кои дебелеат. Во прилог следат седум најчести навики што треба да се  избегнуваат.

1. Не јадете доволно за појадок

Научниците од Универзитетот на Тел Авив докажаа дека обилниот појадок, полесна вечера, повеќе помали оброци во денот и бавно јадење се вистинска комбинација кога станува збор за одржување на тежината.

2. Не минувате доволно време на сонце

Светлината на сонцето помага во согорувањето калории и бели масти. Истражувачите од Универзитетот Алберт во Едмонтон, Канада, спровеле експеримент и покажале дека количината на липиди се намалува кога е изложена на сончева светлина. Ова е една од причините зошто побргу се дебелееме во зима, кога има помалку дневна светлина.

3. Не заборавајте да испиете чаша вода по будењето!

Телото на возрасен човек се состои од 55 до 60 отсто вода. Затоа, една чаша откако ќе станеме, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од акумулација на масти. Покрај тоа, водата му помага на телото да се ослободи од токсините.

4. Не вежбајте премногу наутро

Во прилог на очигледните придобивки како што се трошењето калории и забрзувањето на метаболизмот, утринската вежба не може да ви помогне да го намалите вашиот апетит преку денот, смета професорката Ема Стивенсон и д-р Хавиер Гонзалес. Според нив, луѓето кои вежбаат наутро, не јадат помалку.

5. Слатко јадење за појадок, ручек или вечера

Ако не можете да одолеете на слатко, јадете го наутро, се наведува во истражувањето на Универзитетот на Тел Авив.

6. Не читајте весници наутро

Стресот и нервозата предизвикани од негативни вести може да имаат негативен ефект врз вашето здравје, особено ако сте чувствителни н тие работи. Стресот води до акумулација на телесните масти во телото. Според професорката по хемија и биологија на Факултетот за медицина при Универзитетот Стенфорд, Мери Тервел, стресот предизвикува лачење хормони кои му помагаат на телото да се прилагоди на него. Ако стресот е краткорочен, новите масни клетки не се формираат, но ако стресот е хроничен, се активира механизмот за „складирање калории”.

7. Ја потценувате важноста на нашето домашно милениче

Кучето може да биде одлична придружба додека работите, а со мачка, јогата или истегнувањето може да бидат уште позабавни. Тие се одлична замена за дневната доза колачиња и чоколада кога сме напнати.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*