Препорака од стручните лица: Не мешајте пиво и виски


Човекот најбргу се опива од портвајн и шери, тврди професорот од Универзитетот на Брајтон во Велика Британија, Хал Сосабовски. Во интервју за радио Би-би-си тој истакна дека сè зависи од концентрацијата на алкохол.

– Кај пивото, на пример, алкохолот е околу пет степена. Треба да испиеш доста големо количество, за да се опиеш. И обратно, вели професорот.

Според него, коктелот џин-тоник „удира“ право в глава, зашто ако имате алкохол комбиниран со газирана напивка, тоа го забрзува голтањето и апсорпцијата. Ист е ефектот и со газираните вина, на пр. шампањското.

– Можете да почувствувате како првата чаша шампањско има ефект на вас уште во првите 30 или 40 секунди. Се чувствувате „поднапиено, затоа што карбонизацијата предизвикува побрзо несување на алкохолот, објаснува проф. Сосабовски.

Натаму, тој препорачува да не се потпирате на митот дека чаша вода меѓу два алкохолни пијалаци го ублажува ефектот. – Треба да внимавате, зашто кога пиете силни напитоци и  потоа вода, ги симнувате степените до оној непријатен 20, како ај шерито и портвајнот… Подобро е да испиете голема чаша вода пред да си легнете. Алкохолот има дехидратирачки ефект, којшто може да се избегне на тој начин, вели професорот.

Следната битна препорака е да не се пие виски со пиво. – Така веднаш ја претворате 4-степената напивка во 10-степена, додава тој

И, ако сакате да пиете силен алкохол, без да го прежалувате следниот ден поради мамурлак, водката е најдобриот избор. – А, за да не се опиете, најдобро е да не пиете, гласи советот на проф. Сосабовски за претстојните празници.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]