Попладневната дремка не треба да трае подолго од 40 минути


 – Стручните лица советуваат дека не секој одмор е добар за човековото тело. Во таа смисла, на пр., попладневната дремка не треба да трае повеќе од 40 минути или, во спротивно, нашиот „внатрешен часовник“ и циклусите на спиење може да бидат нарушени.

Човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолг дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело најмногу паѓа меѓу 13:00 и 15:00 часот, поради што токму тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани… Но, според стручњаците, спиењето попладне не е целосно безбедно. Ново истражување покажува дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите посочуваат на поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. „метаболички синдром“, којшто вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на Годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија.

Според податоците, во сон дење, кој трае повеќе од 40 минути, телото „замислува“ дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може а биде дури и поуморен после таквиот сон отколку пред него. Клучот е, всушност, во тоа да не се претера во спиењето.

Луѓето кои спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат „поведро“, поодморено, посвежо и се чувствуваат подобро. Во случај на подлабок сон, мозокот оди во фаза на „бавни бранови“, по коишто речиси секогаш се чувствуваме уморни и дезориентирани. 


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*