Пепелниците полни со опушоци се опасни за здравјето


– Најновите истражувања покажуваат дека и откако ќе бидат целосно изгаснати, цигарите преку филтрите и натаму во воздухот емитуваат 14 проценти од никотинот, што го „произведува” употребената цигара.

Анализата на Американската агенција а храна и лекарства (FDA), објавена во списанието „International Journal of Indoor Environment and Health”, откри дека високи концентрации на никотин и триацетин – пластификатор во филтрите на цигарите, се уште можат да бидат откриени во воздухот во затворени простории, дури пет дена подоцна.

-Апсолутно бев изненаден, изјави експертот за животна средина Дастин Попендик од американскиот Национален институт за стандарди и технологии (NIST).

„Бројот на штетни материи е значителен и во пепелниците полни со опушоци во автомобилите и затворените простории, бидејќи и натаму претставува голема опасност за здравјето на луѓето”, додаде тој.


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]