Откажувањето од појадокот е опасно по здравјето


Прескокнувањето на појадокот носи зголемен ризик од смрт од срцеви заболувања, посочува ново американско истражување, спроведено на ниво на цела држава.

Научниците ги анализирале податоците од испитување во врска со здравјето и храната, земени во периодот од 1988 до 1994 година, коешто опфаќа 6.500 Американци на возраст од 40 до 75 години.

Според написот објавен во „Џурнал оф Американ колеџ оф кардиолоџи“, луѓето што подолго време намерно не појадувале, честопати се соочуваат со дебелеење, повисок холестерол и крвен притисок, како и со дијабетес тип 2 и метаболичен синдром. Тоа се најчестите причини за проблемите со крвните садови и срцето.

Истражувачите, сепак, нагласуваат дека тука е земено предвид самото јадењето наутро, а не и содржината на појадокот.

Вести

Законот на ЈО во август, ако се постигне консензус

Владата вчера на седница го усвои Предлог-законот за Јавното обвинителство и донесе одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. На предлог на Министерството за правда Владата прифати […]

Вести

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот […]

Вести

Јанева негира вмешаност во „Рекет“, тврди дека некој со сите сили сака да го урне СЈО

Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева вчера на прес-конференција негираше дека е вмешана во случајот „Рекет“. Обвини дека против неа и нејзиното семејство се води хајка уште од самото стапување на функцијата, со цел нејзина […]