Нов ветувачки лек против дебелината


24 јуни 2020

Национална географија – Вашингтон

Дебелината влијае на повеќе од 650 милиони луѓе низ светот и предизвикува долг список на здравствени состојби, вклучувајќи болести како што се дијабетес тип 2, кардиоваскуларни проблеми и десетици смртоносни карциноми. Всушност, глобалната потрошувачка на лекови за лекување на дебелината и поврзани болести изнесува повеќе од 150 милиони евра годишно.

– И покрај ова, во моментов има само неколку лека одобрени за третман на дебелина, а луѓето што ги користат овие лекови ретко успеваат да изгубат тежина, објаснува лекарот Џон Кирван, главен директор на центарот Пенингтон за биомедицински истражувања во Батон Руж, Луизијана.

„За запирање на епидемијата на дебелина, на којашто во моментот сме сведоци, потребни се нови и поефективни лекови. Ова истражување претставува многу ветувачки чекор во процесот на откривање“, пишува во статијата објавена во стручното списание ЕМБО Молекуларна медицина. „Се надеваме дека во не толку далечна иднина, БАМ15 или сродните соединенија во голема мера ќе придонесат за клиничкиот развој на лекови против дебелина и ќе станат одржлива опција за оваа болест, како и за други поврзани лекови.“

БАМ15 многу се разликува од постојните лекови за контрола на телесната тежина, што генерално функционираат на принцип на намалување на апетитот или калории апсорбирани по внесувањето храна. Потенцијалната употреба на овој протеин се заснова на нов пристап, затоа што дејствува така што митохондриите – „електрани“ на клетката се помалку ефикасни, што резултира со „горење“ поголема енергија.

Истражувачите веќе покажаа во студиите на глувци дека оние што добиле БАМ15 покажале помала тенденција да добиваат на тежина согорувајќи повеќе калории отколку глувците во контролната група. Авторите веруваат дека протеинот би можел да се користи во не толку далечна иднина за лекување на дебелината и други слични болести како што се дијабетес, заболувања на црниот дроб, па дури и некои форми на карцином.


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*