Научници работат на средство за разградување ХИВ


Меѓународен тим научници објавија дека откриле средство што ги разградува молекулите на ХИВ вирусот и ги прават неактивни.

Стручни лица од Русија, Финска, Швајцарија, Велика Британија и САД. Откритието настанало случајно, откако е откриен механизам којшто го неутрализира молекулот на вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот (ХИВ).

Во трудот на Јужноуралскиот државен универзитет се нагласува дека значењето на ова откритие е тоа дека исти лекарства можат да се користат за повеќе различни видови заболувања.

– Новооткриениот механизам се состои од повеќе соединенија коишто можат да се користат за лекување повеќе заболувања, меѓу кои и рак и ХИВ, истакнува проф. Олег Ракитин, кој е дел од научниот тим. – Тие соединенија го олеснуваат отстранувањето на атомите на цинк од молекулот на ХИВ, што го прави неактивен. Од самиот почеток сметавме дека ефектот на овие соединенија против ракот е нашиот приоритет. Но веднаш се покажа дека тие соединенија покажуваат висока и селективна активност против вирусот на имунитетски недостаток, додава Ракитин.

Тој додава дека испитувањата ќе продолжат, за да се утврди какви други заболувања можат да бидат третирани и лекувани.

Според официјални податоци, денес 37,9 милиони лица во светот живеат со ХИВ, при што само во 2018., 1,7 милиони луѓе се новозаразени. Луѓето кои го имаат вирусот во себе, просечно живеат меѓу девет и 11 години по заразувањето.

Организацијата за борба против СИДА при Обединетите Нации – УНАИДС се стреми да ја искорени оваа болест до 2030 година.


Вести

Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, полладнево уште еден потрес

Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ. Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди […]

Вести

Земјотресот во Турција во живо во неколку ТВ студија (видео)

Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми. На социјалните мрежи се појавија снимки од ТВ студијата, кои […]

Вести

Пораките на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски пренесени и поддржани директно од Еврокомесарот за проширување на ЕУ

Денешното интервју на потпретсредателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот Република на aнглиски јазик за состојбите на македонската политичка сцена, побуди лавина реакции меѓу кои беше и реакцијата на Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејли. Имено, […]