Најскапиот лек на светот чини 2,1 милион долари


И Американската агенција за лекови го одобри пуштањето во промет на лекот „Золгенсма” на швајцарската фармацевтска компанија „Новартис”. Една инјекција чини 2,1 милион долари. Таа цена го прави медикаментот – најскап во светот.

Лекот стручно се нарекува „Онасемноген абепарвовек“. Се зема еднократно, во вена.

Новиот лек за спинална мускулна атрофија на швајцарскиот фармацевтски конгломерат „Новартис”, во третото тромесечје годинава им донесе раст од 10 отсто, на 12,2 милијарди долари.

Во периодот од јули до септември, „Золгенсма” им донел приходи од 160 милиони долари, соопштија од „Новартис”.

Половина од пациентите што го купиле лекот, претходно се лекувале со конкурентскиот производ на американски „Биоген”.

Вести

Независниот синдикат на полицијата бара подобри услови за работа и 25 отсто зголемување на платите

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа […]

Вести

Судството гласно за платите, молк за нефикасноста и застарувањето на предметите

Протестот на судската администрација повторно ги отвори прашањата за функционирањето и ефикасноста на македонското судство. Нивните барања добија јавна поддршка од судиите, на кои министерката за правда Рената Дескоска им забележа дека, како што се […]

Вести

РСЕ: Франција ги соопшти новите принципи за проширувањето на ЕУ

Франција испрати таканаречен „нон-пејпер“ до земјите-членки на ЕУ, барајќи „обновен пристап“ во процесот на проширување кон земјите од Западен Балкан. Исто така, од Европската комисија се бара до јануари 2020 година да објави нова методологија […]