Интервенции врз деца со срцеви мани во „Аџибадем Систина“, формиран тим во кој е и д-р Чадиковски и доктори од Турција

 Нов кардиохирушки тим од Детската кардиохирургија кој го сочинуваат 15 доктори од кои дел се од болницата „Аџибадем“ од Турција, наскоро ќе почне да извршува интервенции врз деца со срцеви мани во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Во тимот, кој денеска беше презентиран во болницата, е и д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, како и неколкумина други доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфуционисти и педијатри.

Во наредниот период се планира формирање акредитиран референтен центар за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ во Скопје по примерот на центрите при болницата „Аџибадем“ од Истанбул. Предвидено е интервенциите да бидат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

– Имав можност да ги посетам нивните болници и сум фасциниран од комплексноста на операциите кои се извршуваат таму и бројот на интервенции. Ми претставува задоволство што ќе има можност да направиме еден референтен, акредитиран центар во земјава за децата со срцеви мани со помош на колегите и на некој начин комплетно да ја копираме нивната успешна програма во државава во рамки на една заедничка корпорација, како што е „Аџибадем“, истакна д-р Чадиковски.

Посочи дека тимот брои 15 членови – доктори и сестри и очекуваат за многу кратко време да почнат со интервенции, бидејќи на список имаат голем број деца на кои треба да им бидат извршени интервенции.

– Се работи за повеќе тимови и две огромни болници. Кардиохирурзите од Турција ќе бидат достапни секоја недела за секогаш кога имаме потреба да бидат присутни тука, а не како што беше претходно. Навистина сум фасциниран од тоа што го видов во Турција, посетив два центра кои работат веќе 30 години. Кардиохирурзите имаат извршено повеќе од 15.000 операции. Тоа е еден систем кој навистина фасцинира. Бидејќи првпат се наоѓам во една групација посебно задоволство ми е да го копираме тој систем и со нивна помош тоа да го имплементираме во Македонија првпат да имаме вистински акредитиран референтен центар за детска кардиохирургија, додаде д-р Чадиковски.

Кардиохирургот Јусуф Кенан Јалчинбаш од болницата „Аџибадем“ од Турција рече дека пред неколку недели се сретнале со д-р Чадиковски во Истанбул и разговарале за плановите за развој на детската кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ во Скопје.

– Д-р Чадиковски ни ги презентираше плановите за отворање таков оддел во Систина. Тој има големо искуство, повеќе години работел на Детската кардиохирургија и во неговата работа се вбројуваат повеќе од 400 операции во областа на детската кардиохирургија. Во Истанбул има два центра за кардиохирургија – Атакент и Бакркој. Заедно со професор Ерсин имаме оперирано повеќе од 15.000 пациенти во последните 25 години, рече д-р Јалчинбаш.

Додаде дека идејата е со здружени сили да работат понатаму и да се поврзат центрите во „Аџибадем“ во Турција и „Аџибадем“ во Скопје.

– Ќе вложиме максимални напори за да и помогнеме на оваа наша братска земја. Ќе им помогнеме на нашите колеги во болницата најмногу што можеме, додаде кардиохирургот Ерсин Ерек.

Вести

Мицкоски: Повикувам на средба на државниот врв, изборите се логично решение, во меѓувреме потребни се итни реформи

Недобивањето на датум за избори е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години. Ќе […]

Вести

Пендаровски: Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина

Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата […]

Вести

Можна лидерска средба кај претседателот Пендаровски

Претседателот на ДУИ Али Ахмети добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“, потврдија за МИА […]