Храна што може да биде штетна за бебето

На децата треба да им се дозволи да ја истражуваат храната, но стручните лица предупредуваат дека има намирници кои треба да се избегнуваат додека бебето не наполни барем една година.

Мед

Медот треба да се избегнува затоа што може да развие ботулизам. Ботулизмот е ретка, но сериозна болест предизвикана од анаеробната бактерија „Clostridium botulinum“ која произведува токсини, а последиците за бебињата помали од една година може да бидат сериозни.

Путер од кикирики

Овој производ може да предизвика сериозни алергиски реакции. Освен алергии, путерот од кикирики е опасен и затоа што е густ и леплив, па може да предизвика задушување.

Сол

Бебињата не треба да јадат солена храна. Бубрезите на едногодишно дете не се доволно развиени за да се справат со големи количини на натриум, па затоа солта треба да се избегнува.

Грозје

Грозјето е корисно за бебињата, но откако ќе потпораснат малку. Дури и ако зрното се исече на половина, тоа претставува ризик за бебето оти може да доведе до задушување. Ова важи и за сувото грозје. Едноставно, ова овошје треба да се избегнува.

Тврди бонбони

Бонбоните и лижавчињата детето треба да ги добие тогаш кога ќе може веќе само да ги четка забите.

Чоколадо

Секое бебе сака чоколадо. Но, чоколадото содржи кофеин, какао и млеко, што е тешко за децата под една година, да го сварат.

Свежи моркови

Како и грозјето, големите и тврди сурови моркови се голем ризик од задушување кај малите деца. Најбезбеден начин за консумирање морков е кога тој е варен.

Пуканки

Иако се крцкави, вкусни, а донекаде и здрави за јадење, пуканките сепак, се сериозен ризик од задушување. Никогаш не смее да им се даваат пуканки на деца под една година.

Вести

Што е договорено за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит, и ако биде ратификуван, граѓаните и компаниите конечно ќе имаат појасна слика за тоа што ги чека во иднина. Тоа, меѓутоа, е големо „ако“, бидејќи британските […]

Вести

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за […]

Вести

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за случаите „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“. Случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а […]