Есенцијални состојки за здрав раст на децата


Дури и мали деца знаат дека млекото нè прави силни и здрави. Млекото и млечните производи ни обезбедуваат приближно 75% од калциумот што ни е потребен, како и голем број други важни витамини и минерали. Исто така, млечните протеини се целосни протеини затоа што содржат есенцијални аминокиселини кои организмот не може самостојно да ги произведе.

Стекнувањето навика за редовно консумирање млеко, уште од најмала возраст е една огромна услуга што можете да ја направите за вашето дете. Калциумот, кој го има во големи концентрации кај млекото, е есенцијален во мускулната функција но исто така и за цврсти и силни коски, а кај растот на децата најважно е правилното оформување на коските. Правилниот раст и развој во голема мера зависи од начинот на исхрана кај децата и од хранливите материи кои нивниот организам ги црпи од истата. Функционалната храна, која е збогатена со есенцијални хранливи материи е одличен начин да се задоволат потребите на детскиот организам. Таков пример е функционалното млеко со 10 витамини на македонската компанија Бимилк. Ова млеко содржи витамин А, кој се грижи за добар вид, Б5 кој игра улога во регенерација на телото, витамин Б7 кој е потребен за здрава коса и кожа, витамин Б6 кој го зајакнува имунитетот, витамин Д3, витамин Е, Б12, Б9 за добар раст и развој, Б1 за здраво срце и мускули и Б3 за енергија. Млекото вклучува до 5% лактоза, т.е. млечен шеќер, кој како јаглехидрат е важен извор на енергија, особено за децата. Лактозата му помага на организмот да апсорбира калциум и фосфор.

Млекото е, исто така, потребно и за младите. Калциумот е градежна единка на телото. Таа е важна компонента во човечките коски и забите. Клучна е и за нормално функционирање и испраќање нервни импулси до и од мозокот, за мускулна активност и за коагулација на крвта. Долгорочен дефицит на калциум може да доведе до заболување на коските во подоцнежниот период од животот. Кравјото млеко има многу минерали, вклучувајќи ги и важните макроелементи, калциум, фосфор, магнезиум и калиум и микроелементите бакар, железо, цинк, флуорид, алуминиум, бор и селен. Сите овие минерали се важни за метаболизмот и зајакнувањето на крвта. Полномасното млеко, како на пример битолското млеко со 3,2% и 3,5% масленост, е важен извор на витамини затоа што ги вклучува скоро сите витамини растворливи во вода и во масти. Витамини А, Д и Е се важни за подобра апсорпција на калциум. Меѓу витамините растворливи во вода, најважни  се витамините во групата Б, кои пред сè го одржуваат нашиот нервен систем. Ова е исто така причината зошто се препорачува да се пие топло млеко и мед пред спиење за да се обезбеди подобар сон.

За помагање на извесни процеси, за учествување во растот и развојот, повеќе од јасно е дека редовното консумирање млеко има докажани придобивки.

 


ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Нови 153 заразени со Ковид – 19, оздравени 75 пациенти, починаа шест - МИА
Вести

Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците

Скопје, 14 јули 2020 () – Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од […]

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба - МИА
Вести

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Скопје, 13 јули 2020 () – Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*