Чадот од цигaрите или никотинот – што повеќе им штети на пушачите?


Штетноста од пушењето цигари е јасно и дефинитивно научно докажана.  Пушењето цигари стана глобален проблем по Втората светска војна и од тогаш наваму компетентни стручни лица и организации имаат спроведено огромен број испитувања, истражувања, експерименти и тестови кои даваат издржани информации со цел да се обезбедат ефикасни и ефективни начини за борба против глобалниот проблем со пушењето.



Во последните децении се прават големи напори да се подигне свеста за болестите и ризиците што ги предизвикува пушењето. Во многу земји, борбата против пушењето е еден од приоритетите во областа на јавното здравство. Во последните неколку години се спроведуваат бројни кампањи против пушење, редизајнирани се кутиите цигари со пораки кои предупредуваат и ја подигнуваат свеста за сериозните последици што ги предизвикува пушењето, а воведени се и забрани за пушење цигари во затворен простор во многу земји низ светот.

Благодарение на развојот на науката и модерната технологија констатирано е дека никотинот е дел од решението за ова прашање, иако истиот воедно се смета и за извор на проблемот. Голем број истражувања покажуваат дека никотинот го има и во зеленчукот, односно дури и да не сте пушач, консумирате никотин.  Според студијата направена од Универзитетот во Мичиген во 1993-та година,  најголема концентрација на никотин има во модриот домат, 100 нанограми на еден грам модар домат.  Следни на листата се зелените домати кои содржат 42,8 нанограми никотин на грам. Исто и компирот и карфиолот содржат никотин, карфиолот има 16,8 нанограми никотин на еден грам, додека компирот 7,1 нанограм никотин на еден грам.  Во истата студија се открива дека концентрацијата на никотин е многу помал кај зрелите црвени домати споредено со зелените. Сепак, потребно е да се изеде огромна количина од овие зеленчуци за да се постигне ефектот на апсорпција на никотин од цигарите. Еден микрограм никотин се апсорбира од пасивните пушачи во кои престојуваат 3 часа во просторија со чад. За нашиот организам да апсорбира 1 микрограм никотин треба да изедеме 10 гр. модар домат, 59,9 гр. карфиол, 140,4 гр. компир, 23,4 гр. зелени домати или 93,5 гр. зрели домати.