Бадемовото млеко можеби и не е толку здраво колку што многумина сметаат


– Бадемовото млеко стана доста популарен вид растително млеко. Само минатата година на светско ниво се потрошени скоро 1,3 милијарди евра за тоа. Сепак, според некои стручњаци, тоа можеби и не е толку здраво колку што многумина мислат.


 

Според списанието „Хелт“, присуството на протеини и јаглени хидрати во незасладеното бадемово млеко е прилично мало (во една чаша). Сепак, тоа може да варира во зависност од тоа колку бадем содржи одредено млеко. Со други зборови, некои производи содржат повеќе бадеми од други, што е еден од факторите што влијаат на потенцијалните придобивки за здравјето.

Наједноставните незасладени сорти содржат само две состојки: вода и бадеми. Содржината на витамини и минерали може значително да варира ако се додадат повеќе состојки. Некои производители го збогатуваат бадемовото млеко со калциум за да го направат подобро од кравјото млеко. Витамините Д и Б-12 исто така може да се најдат во него.

Количината на шеќер и вкусови на чоколадо и ванила варираат поради различните производители. Една чаша може да има дури 12 грама додаден шеќер, што е половина од препорачаната дневна доза шеќер, за жени, според упатствата на Американското здружение за срце.

Некои производи од бадемово млеко содржат и желатин и сончогледово масло. Во некои случаи, производителите исто така ставаат и протеински прав од жолт грашок, а корисниците обично не размислуваат доволно за состојките. Поради оваа причина, читањето на сè што е напишано на пакувањето е многу важно.

Веројатно ќе треба да пробате неколку видови бадемово млеко додека не го пронајдете оној кој најмногу ви одговара. Треба да се бараат производители кои користат едноставни и препознатливи состојки. Притоа, и опциите со пониска концентрација на бадеми може да имаат некои придобивки.