Жител на с.Брњарци нападнал човек, па му го скршил ветробранското стакло



На 03.06.2018 година околу 17.30 часот било пријавено дека во с.Побожје, скопско, непознато лице физички го нападнало лицето Д.Н. (40) од с.Брњарци . Д.Д. успеал да му побегне со возило во кое биле и неговите другари. Во моментот кога тргнале со возилото, сторителот со камен го скршило ветробранското стакло од возилото.


 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.