Жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево

nesrekja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево.

Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.


Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK