Затворен угостителски објект во с.Градец


Реакција на Синдикатот на полицијата за прераспределувањето на полициските службеници - МИА

На 23.01.2021 околу 11.55 часот при контрола на угостителски објект во с.Градец, гостиварско кој од Државниот пазарен инспекторат претходно бил затворен поради сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл. 206 од Кривичниот законик, од полициски службеници од Полициско одделение Галате било констатирано дека истиот повторно бил отворен и била отстранета пломбата. Известен е Државниот пазарен инспекторат кој повторно го затворил објектот. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.