Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на протоколите за работа


Реакција на Синдикатот на полицијата за прераспределувањето на полициските службеници - МИА

Полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат вчера во периодот од 19 до 22 часот, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.


 

Од МВР денеска информираа дека при контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.