Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките


 Еден локал е затворен поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 во текот на вчерашната контрола од 18 до 21 часот на тетовското подрачје извршена од полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат.



 – Во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати четири лица и сопственикот. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат денеска од СВР Тетово.

Сопственикот ќе се соочи со пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во текот на изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 37 лица тетовската полиција им издала прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.