Запленети пиштоли и муниција во претреси во Синѓелиќ


Полициски службеници денеска по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ.


 

„При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми“, велат од МВР.

Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.