Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија

mrezi--ribilov-zaplena

Полицијата денеска привела лице од Република Албанија во чие возило биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица.

По преземени мерки и активности, информираа од МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија.

– При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, соопштија од МВР.

А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn